Време: Променливо облачно со дожд и грмежи, стабилизација доцна попладне

- Македонија
662

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време , во текот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Доцна попладне времето ќе се стабилизира. УВ индексот ќе има вредност 7, а дневната температура ќе се движи во интервал од 20 до 32 степени. Утре ќе преовладува сончево и топло време, попладне со услови за ретка појава на краткотраен дожд. УВ индексот ќе има висока вредност 9, а дневната температура ќе се движи во интервал од 27 до 34 степени.

Извор: УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари