Театарската претстава „Железниот светилник“ на 12-ти јуни на охридска сцена

- Локални
963

На 12-ти јуни со почеток во 20:00 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде одиграна театарската претстава  „Железниот светилник“ која е заснована на првиот роман од тетралогијата на извонредниот бугарски писател Димитар Талев, роден во Прилеп.
Претставата се реализира под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија, Министерството за култура и Министерството за одбрана на Република Бугарија.


Димитар Талев е дводомен писател кој е исклучително почитуван и се смета за врв на бугарската книжевност и еден од најчитаните и најпопуларните литературни творци. Оние кои го читале знаат дека тежината на неговите дела не се мери само во напишаните зборови, туку и во емоциите кои тој умешно ги постила низ редовите.
Отворајќи ја својата душа и предавајќи ја целата своја креативна енергија, Талев остава зад себе дела со неизмерна големина, неодминливост и трајност. Неговото трпеливо испитување и бележење на настаните кројат бурни приказни за едно време и едни судбини кои тој успешно ги оживува преку зборовите и прави истите до денес живо да пулсираат и греат.
Помеѓу другото, Талев е доживеан и како писателот кој во „Железниот светилник“преку измислениот град Преспа во кој се одвива дејството неповторливо и со неизмерна љубов го опишува својот роден град Прилеп како никој дотогаш.
Нексромните квалитети на Димитар Талев и маестралноста на „Железниот светилник“ претставуваат неверојатен предизвик да се постават на сцената и ветуваат спектакл за кој што и да се каже, пред да се погледне, ќе биде малку.
Во претставата „Железниот светилник“ учествуваат: Јавор Бахаров (гостин), Владислав Виолинов, Георги Кадурин, Стојко Пеев, Георги Кркеланов, Тигран Торосјан, Иван Налбантов (гостин), Мирослав Пашов, Јордан Алексиев, Гергана Данданова, Антоанета Добрева – Нети, Стефка Јанорова, Нели Монеджикова (гостин), Милен Миланов, Радосвета Василева, Георги Новаков (гостин), Луизабел Николова од Театар на Бугарската Армија во режија на Асен Шопов и драматизација на Христо Христов.

Strugaonline

Facebook Коментари