Време- Променливо облачно со сончеви периоди

- Македонија
400

Денеска ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди, по котлините претпладне со појава на магла. Во западните делови ќе биде облачно, попладне и во текот на ноќта со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 8 до 15 степени. Утре ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег, пообилни во северозападните делови. Ќе дува слаб до умерен, повремено и засилен ветер претежно од јужен, а попладне вдолж Повардарието од северен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 6 до 14 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари