Денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и потопло. Во северозападните делови облачно со повремени врнежи од дожд, само на највисоките планини од снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 8 до 13 степени. Утре ќе биде претежно облачно, попладне и кон крајот на денот со врнежи од дожд со умерен интензитет, кои на места ќе бидат пообилни. На планините на запад ќе врне снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, особено вдолж Повардарието. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 7 до 12 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари