Три домашни изведувачи номинирани за музичките награди “ХЕМИ”!

- Музика
464

 Меѓународното жири на HEMI (Центар за размена на музички иновации), составено од организатори на фестивали, промотори и продуценти, менаџери на музички експорт бироа и музички новинари, од вкупно 285 исклучителни европски таленти од Централна и Југоисточна Европа, избра 27, меѓу кои се наоѓаат едни од најквалитетните музички изведувачи од домашната сцена: FUNK SHUI, PLUTO’S DOUBTS и YÖU.

 

Девет од 27-те кандидати ќе стигнат до втората фаза, која вклучува персонализирана поддршка, обука и вмрежување, а во последната фаза, три музички изведувачи ќе ја освојат музичката награда HEMI. Таа е замислена како пакет кој ги покрива трошоците за создавање содржина, промотивни кампањи и турнеја на бројни интернационални шоукејс фестивали и конференции!

HEMI MUSIC AWARDS (HMA) е нова програма, наменета за талентирани музички изведувачи кои се подготвени да развијат меѓународна кариера и да ја пласираат својата музика на европско ниво. HMA е организирана од HEMI (Центар за размена на музички иновации) – Европска иницијатива која има за цел поддршка на изведувачи и професионалци во музичкиот бизнис од Чешка, Естонија, Грција, Унгарија, Северна Македонија, Полска, Романија, Србија и Словенија.

 

 

Facebook Коментари