Време: Променливо облачно со услови за слаб дожд

- Македонија
564

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со услови за слаб локален дожд, а на планините локално ќе провејува слаб снег, претежно во северните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.Дневната температура ќе се движи во интервал од 4 до 11 степени. Утре ќе биде сончево  со значителен пораст на дневната температура. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Дневната температура ќе се движи во интервал од 8 до 15 степени.

Извор: УХМР

 

Facebook Коментари