Општина Струга апелира: За секое сомнително движење на непознати лица или на сомнителни автомобили пријавете во полиција

- Локални
1236

 

На ицијатива на градоначалникот на Општина Струга, Г-дин Рамис Мерко, шефот на Кабинет, Г-дин Дашмир Насуфи оддржа средба со шефот на Полициската Станица на Струга, Валон Хани.

„Средбата беше од информативен карактер за неодамнешните настани што се случуваа во нашиот град, кои се навистина проблематични и вознемирувачки за сите граѓани.“ -велат од Општина Струга

На средбата се разговарало за случајот на организираните питачи, кој сé уште не е решен.  Претставникот на Општина Струга прашал зошто  нема резултат во претходните акции.

„Полициските органи внимателно го набљудуваат и следат целиот терен каде што организираните питачи дејствуваат за да стигнат до луѓето што ги злоупотребуваат. Случајот со организарините питачи е многу деликатен бидејќи во повеќето случаи се работи за деца и затоа е тешко да се стигне до самите организатори. Ние дејствуваме цело време и се надеваме дека пред почетокот на туристичката сезона ќе имаме конкретни резултати. “ – истакна Хани.

Во врска со неодамнешните кражби во селата Радолишта, Заграчани, Шум и други, Хани рече дека веќе се преземени мерки, односно се патролира секој ден и во раните утрински часови.Меѓудругото, тој истакна дека нема соработка меѓу граѓаните и полицијата во поглед на обезбедување информации на време . Планирано е да се иницираат цивилни патролни тимови кои ќе патролираат и ќе се движат не само во конкретни села, туку низ целата територија на Општина Струга.

. Насуфи истакна дека Општина Струга нема надлежност да презема конктрени мерки но дека  како институција ги поддржува граѓаните.

На средбата се дискутирало  за неспроведувањето на законот за двојазичност во Полициската станица во Струга, каде што последниот случај беше шестмесечниот извештај за состојбата на криминалот во општина Струга. Валон Хани рече дека ова се должи на недостатокот на преведувачи во СП.

Апел до сите граѓани на Општина Струга : За секое сомнително движење на непознати лица или на сомнителни автомобили, ве молиме да се јавите на 192 или фиксниот број на Полицистката Станица Струга.

Извор и фото: Општина Струга

Strugaonline

Facebook Коментари