Време: Променливо облачно со ветер и на места пороен обоен дожд

- Македонија
666

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно и ветровито време. Попладне ќе има локални врнежи од дожд кои во западните подрачја ќе имаат пороен карактер со услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер поради што ќе има транспорт на прашина од Африка, а на места и појава на обоен дожд. Дневната температура ќе се движи во интервал од 11 до 23 степени. Во наредните три дена ќе преовладува сончево време со умерена облачност и ветровито. Дневните температури ќе бидат во пораст и на места ќе достигнат и 26 степени.

Извор: УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари