Хуманитарен концерт за Зоран Перески во Ложани

- Локални
1359

Во недела (04.11.2018)  во Младинскиот дом во село Ложани ќе се одржи хуманитарен концерт под мотото „Да ја покажеме хуманоста“. Собраните средства ќе бидат наменети за нашиот сограѓанин Зоран Перески на кого сега сме му потребни! Според информациите кои ги имаме, во организмот на Зоран се појавила бактерија која предизвикала драстично намален имунитет и нападнати се 80% од белите дробови.

За Зоран во недела ќе пеат: Јордан Митев, Ристе Ристески, Влатко Миладиноски, Антонио Пејоски, Група Зарина и Перо Бели со Група Зурли и тапани. Почетокот на концертот е закажан за 18:00 часот
Сите хумани граѓани кои се во можност , освен со присуство на концертот, можат да донираат и  преку сметката на неговата снаа Љупка Переска. Број на сметка: 200003370698388.

Strugaonline

 

Facebook Коментари