Во текот на следните денови поради јужно струење од Сахара кон нашата држава ќе се изврши транспорт на прашина и на песок па така и времето повремено ќе биде потешко за метеопатите. Во следните часови локално ќе има преодно зголемување на облачноста а особено навечер и во текот на ноќта кон утрешниот ден, ќе има услови за локален дожд од послаб интензитет и услови за ретки грмежи и тоа особено на запад и на север. Максималните дневни температури ќе бележат тенденција на значително покачување и истите ќе се движат во интервалот од 19 до 25 степени. Понатамошен пораст на истите ќе има следните денови кога во централните и во југоисточните предели се очекува да достигнад до околу 27 степени. Во утринските часови по котлините и по речните долини ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност.
Подготви: Славчо Попоски
Facebook Коментари