Време – Следува пеколен викенд со температури до 42 степени

- Македонија
955

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево и многу топло време со слаб до умрен југозападен ветер. УВ индексот ќе има вредност 9, а дневната температура ќе се движи во интервал од 35 до 42 степени. Речиси идентична временска состојба се очекува и во сабота. Во недела ќе има пад на температурите за неколку степени, а во понеделник се очекуваат максимални температури до 30 степени, а ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд и засилен северен ветер.

Извор: УХМР

Facebook Коментари