Денеска ќе преовладува сончево и многу студено време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од -3 до 6 степени.
Утре ќе биде сончево со мала до умерена, а во источните и северните делови и значителна облачност. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Во ноќните часови во североисточните делови ќе провејува снег. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од -2 до 8 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари