Денеска во Крушево ќе се одбележи 41-от роденден на Тоше Проески

- Македонија
552

Спомен-куќата на Тоше Проески  во Крушево, денеска со музичко-сценски настан под наслов „Ангел си ти“ ќе го одбележи 41. роденден на  Тоше  Проески.

Од Спомен-куќата објавија дека денот ќе се одбележи со крводарителска акција, која ќе трае од 10 до 16 часот, но ќе има и промоција на книга на Бојан Тодоровски, како и на збирката песни „1.200 молитви за Тоше“. Промоциите ќе бидат придружувани со настапи на Никола Зацески со групата „Мелем“ и на Горан Папаз.
Во 12:30 часот присутните ќе го посетат вечното почивалиште на Тоше, а од 14 до 16 часот ќе има музичко-сценски настан во изведба на Камерен оркестар на Битола, Пијано трио – Скопје и солисти на Македонската опера и балет под диригентската палка на Владимир Димовски.

Facebook Коментари