Време: Сончево и многу топло, кон крајот на денот пороен дожд

- Македонија
495

Денеска ќе преовладува сончево и многу топло време. Кон крајот на денот на места ќе има зголемување на облачноста со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со појава на град и силен ветер. УВ индексот ќе има вредност 9, а дневната температура ќе се движи во интервал од 34 до 40 степени. Утре ќе биде сончево и посвежо со умерена облачност. Попладне ќе има локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. УВ индексот ќе има вредност 7, а дневната температура ќе се движи во интервал од 26 до 35 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари