Денеска ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност, попладне со услови за краткотрајна нестабилност во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови западен ветер. УВ=9. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 20 до 38 степени. Утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец УВ=9. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 33 до 40 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари