Време-Сончево и многу топло со мала до умерена облачност

- Македонија
347

Денеска ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. УВ=9. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 35 до 42 степени.

Утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. УВ=9. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 34 до 42 степени

Facebook Коментари