МТСП: Денес и утре Македонија е во портокалова фаза, бремените жени и лицата над 60 години да се ослободат од работа

- Македонија
419

 

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа, во Црвениот крст да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство, за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови кои следуваат.

Целата територија на нашата држава, денеска и утре ќе биде зафатена со температури од портокалова (алертна) фаза.

Општите мерки кои треба да се почитуваат:

Ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението, како што се бремените жени и лицата на возраст над 60 години.

Во установите за згрижување на децата (градинки) да не практикуваат физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот.

Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да имаат поактивен пристап и да пружат помош на осамени стари изнемоштени лица и бездомници.

Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавачи на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Facebook Коментари