Денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен северен ветер. УВ индексот ќе има вредност 9, а дневната температура ќе се движи во интервал од 31 до 38 степени. Утре ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието. Попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд. УВ индексот ќе има вредност 8.
Извор: УХМР
Facebook Коментари