Стружани тажни поради големиот пожар во ЕК „Снегар“, причините за пожарот се’ уште не се познати

- Локални
1062

Големиот пожар што вчера ги пеплоса бараките во кои беше сместен Едриличарскиот клуб во Струга предизвика тага кај стружани и солзи во очите на сите членови на овој клуб кој има долга историја.

Опожарен беше цел хангар каде што беше сместен Едриличарскиот клуб и предизвикана е голема материјална штета. Првичните, неофицијални информации, говорат дека изгорени се триесет и три едрилици и едно кајче.

Поради вдишување чад еден пожарникар беше хоспитализиран, потоа беше пуштен на домашно лекување во добра здравствена состојба.

Брзата интервенција на струшките пожарникари спречи големиот пожар да се прошири во други објекти.

Причините за пожарот се уште не се познати.

Strugaonline

Facebook Коментари