Време-Сончево и топло со слаб до умерен ветер

- Македонија
393

Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Претпладне ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе започне да дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 16 до 23 степени. Утре претплaдне со умерена облачност, преку денот сончево и посвежо. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Дневната температура ќе се движи во интервал од 8 до 16 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари