Улиците ,,15 Корпус“ и ,,Пролетерски Бригади“ од понеделник ќе бидат двонасочни

- Локални
564

Општина Струга известува дека улиците ,,15 Корпус“ и “Пролетерски Бригади“ во Струга од 01.03.2021 (понеделник) ќе бидат пуштени за движење во двонасочен режим.

Пред два дена, Општина Струга излезе со соопштение во кое ги информираше граѓаните дека викендов (од петок до недела)  поради обележување на улиците ,,15 Корпус“ и ,,Пролетерски Бригади“ во Струга и враќање во двонасочно движење на истите ќе се изврши хоризонтална сигнализација.

Од таму ги замолија граѓани да ги отстранат своите возила што се паркирани на наведените улици за да може да се работи без прекин.

-Автомобилите  што ќе се затекнат во овие денови на паркинг местата ќе бидат отсранети со пајак служба.-предупредуваат од општина Струга.-предупредија од Општина Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари