Време: Сончево и топло со умерен јужен ветер

- Македонија
492

Денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со умерен јужен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 21 до 28 степени. Утре во претпладневните часови ќе биде сончево и топло, попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, краткотрајно засилување на ветерот, грмежи и ќе има услови за појава на град. Вдолж Повардарието и на исток ќе дува засилен југоисточен ветер.Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 22 до 29 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари