Време: Сончево и топло со умерен северен ветер

Денеска ќе преовладува претежно сончево време со умерен северен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 16 до 22 степени. Слично време ќе преовладува и во недела и понеделник. Заладување односно пад на температурите за неколку степени како и облачност со врнежи од дожд се очекува во вторник.
Извор: УХМР

