Хуманитарна трка „Трчај за Даунов синдром“ утре во Струга

- Локални
1161

По повод меѓународниот ден на лицата со Даунов Синдром, центарот „Порака Нова“ и граѓаните на Струга организираат трка (трчање или пешачење) од 2km/5km по кејот на реката Црни Дрим, со цел подигнување на свеста и собирање поддршка за организирање на гала вечер за лицата со посебни потреби од Струга.
„Дојди и ти, учествувај, трчај или пешачи заедно со нас. Сите заедно да покажеме дека среќата не се брои според хромозомите.“ – велат организаторите

„Порака Нова“ настанот го организира  во чест на нашата другарка Анастазија Жупан.

Регистрација: 200 денари
Регистрација со маица: 500 денари (ограничен број)
Регистрацијата се врши пред трката од 11 часот пред Американско Катче.

Настанот ќе се случи утре,  24-ти март

За повеќе информации контактирајте ја „Порака Нова“  на Facebook или на тел. 079 306 460.

Strugaonline

Facebook Коментари