Време- Сончево со мала до умерена облачност

- Македонија
529

Денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а во крајните североисточни делови облачно со слаб снег. Попладне претежно сончево. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието и во источните делови. Дневната температура ќе се движи во интервал од 2 до 9 степени.

Утре ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 2 до 9 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари