Денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен јужен ветер. Кон крајот на денот во северозападните делови ќе има врнежи од дожд. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 8 до 17 степени. Утре ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните и северните делови. На планините на запад врнежите ќе бидат од снег. Претпладне ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, кој попладне ќе го промени правецот во северен и дополнително ќе засили. Дневната температура ќе се движи во интервал од 9 до 16 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари