Германска фондација и Општина Струга неколку струшки региони ќе претворат во еколошки заштитени подрачја

- Локални
649
Претставници од најстарата политичка фондација во Германија, Фондација Фридрих Еберт (Friedrich-Ebert-Stiftung) – ФЕС, со седиште во Скопје вчера беа во работна посета на Општина Струга.
,,На овој состанок се дискутираше за заштита на неколку зони кои ги опфаќаат населените места како селото Јабланица, Виншни, Горна Белица, Лабунишки Бачила, Подгоречки Бачила и др. и ќе поттикнат економски развој и еколошка заштита на регионот.“-информираат од Општина Струга.
-Заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата се темелни вредности. ФЕС го избра Струшкиот регион како најадекватен за реализација на идниот проект.
Заштитата на животната средина е, пред се глобален проблем и претставува еден од најголемите предизвици на денешницата.-додаваат од таму.
Strugaonline

Facebook Коментари