Време- Сончево со мала до умерена облачност

- Македонија
278

Наутро по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и ниска облачност. Преку денот сончево со мала, а во западните делови умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, кој во западните делови повремено ќе засилува. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 17 до 22 степени.

Утре ќе биде сончево со мала до умерена, а кон крајот на денот зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, поизразен во западните делови. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 18 до 23 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари