Време-Сончево со мала до умерена облачност

Утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност, поголема во западните делови. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен, а попладне на места засилен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 9 до 13 степени.
Утре ќе биде променливо облачно со умерен, повремено засилен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. На планини врнежите ќе преминуваат во снег. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 9 до 15 степени.
Извор: УХМР

