Средношколци од Струга на средба со градоначалникот Мерко за проектот Еразмус +

- Локални
851
 Група учесници од економско-правна и трговска струка, медицина и електротехничка струка од СОУ “Нико Нестор” – Струга, остварија средба со градоначалникот Рамис Мерко, при што го запознаа со Еразмус+ проектот:Вештини за утре (Skills for tomorrow) и мобилноста која ја реализираа во периодот од 21.09.2021-05.10.2021.
Хана Бектеши, Бојана Коцоска, Рона Татеши и Марија Дејкоска му поделија промотивен материјал на градоначалникот и му ги пренесоа искуствата, новите знаења и вештини кои ги стекнаа за време на двонеделната мобилност во Португалија, во кој период учениците реализираа практична работа во познати компании од својата област.

Facebook Коментари