Денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Утрото ќе биде свежо. Во текот на денот на места ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи, претежно во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 13 до 21 степен. Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во текот на денот облачноста ќе се зголемува и кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Дневната температура ќе се движи во интервал од 13 до 21 степен.
Извор: УХМР
Facebook Коментари