Време- Сончево со мала до умерена облачност , попладне дожд

- Македонија
442

Денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, попладне со ретка појава на краткотраен пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а во западните делови од западен правец. УВ=9. Дневната температура ќе се движи во интервал од 26 до 32 степени. Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност попладне со ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. УВ=9. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 27 до 34 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари