Триесет и пет години од одржувањето на Лајв Ејд

- Забава
515

Поминаа триесет и пет години од одржувањето на Лајв Ејд.

Лајв Ејд  е глобален, музички рок-концерт, одржан на 13 јули, 1985 година. Настанот бил организиран со цел да се соберат средства за надминување на гладта во Етиопија. Наречен „глобален џубокс”, настанот бил одржан истовремено на стадионот Вембли во Лондон (со посетеност од 82,000 лица) и на стадионот ЏФК во Филаделфија (со посетеност од околу 99,000 лица). Истиот ден, поттикнати од иницијативата, концерти се одржале и во други земји, како што се Австралија и Германија. Овој настан се смета за еден од најгледаните сателитски и телевизиски преноси на сите времиња, според проценките,  околу 400 милиони гледачи од 60 различни земји го следеле преносот во живо.

На Лајв Ејд настапија  повеќе од 50 најголеми имиња на музичката индустрија, меѓу кои Квин, Боуви, Елтон Џон, Дилан, У2, Мадона и други.

Facebook Коментари