Време: Сончево со умерена облачност и ветровито

- Македонија
491

Денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, најизразен вдолж Повардарието. УВ индексот ќе има вредност 8, а дневната температура ќе се движи во интервал од 21 до 34 степени. Утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 28 до 35 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари