Општина Струга: Градоначалникот Мерко ги поддржува барањата на месното население на с.Лабуништа

- Локални
1111

Градоначалникот на Општина Струга г. Рамис Мерко согледувајќи ја новостанататa состојба во врска со каменоломите на територијата на с.Лабуништа, силно ги подржува барањата нa жителите на месното население за дислокација или стопирање на започнатите работи, и бара од владата на РСМ и надлежните министерства веднаш да извршат ревизија на постапката за издавање на концесиите на сите каменоломи на оваа територија . – информираат од Општина Струга.

Од таму додаваат дека во потрага по решение на конфликтот, градоначалникот Мерко разговарал со министерот за економија на РСМ г. Крешник Бектеши, кој му ветил дека многу наскоро проблемот ќе биде решен.

-Општина Струга ќе ги искористи сите правни механизми и ќе биде во служба на месното население во секое време.-потенцира тимот на Општината.

Градоначалникот Мерко повикува на воздржаност од сите страни се до решавање на проблемот , и исто така укажува дека секогаш ќе биде на страната на месното население се до решавање на овој проблем.

Strugaonline

Facebook Коментари