Денеска во Македонија ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност, повеќе облачност ќе има во североисточните делови. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено вдолж Повардарието. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 0 до 11 степени. Утре ќе преовладува умерено до значително облачно време. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд и снег. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 2 до 9 степени.
Извор: УХМР
Strugaonline
Facebook Коментари