Регионалните дирекции на УЈП во Струга и Охрид работат и денеска од 08:00 до 14:00 часот

- Македонија
1015

Наближува 31-ви декември, крајниот рок за регистрација на системот е-персонален данок.

Граѓаните кои се` уште не ја исполниле оваа обврска тоа може да го направат во следниве денови.

Од УЈП потсетуваат дека подрачните канцеларии ќе работат со продолжено работно време. Даночните одделенија во Охрид и Струга денеска ќе работат од 08:00 до 14:00 часот.

– Воедно, Управата за јавни приходи Ве известува дека досега на системот e-pdd се регистрирани околу 620.000 граѓани (само за РД Битола 79.720 граѓани, а во општина Битола вкупно се регистрирани 33.430 граѓани). Со оглед дека од оваа обврска се изземени физичките лица кои се приматели на пензија од Фондот за пензиско и здравствено осигурување на Република Македонија, останува уште мал процент на граѓани кои треба да се регистрираат, информираат од УЈП.

Даночните канцеларии во понеделник, на 31-ви декември ќе бидат отворени до 16:30 часот.

Strugaonline

Facebook Коментари