Денеска ќе преовладува сончево време со умерена облачност. По котлините значително облачно или со појава на магла, особено претпладне. Во јужните делови ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и западен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 9 до 15 степени. Утре ќе биде сончево со умерена облачност, по котлините со магла или значителна ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Дневната температура ќе се движи во интервал од 9 до 15 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари