Наумче Мојсоски е позитивен на ковид 19

- Македонија
454
Актуелниот претседател на Агенцијата за млади и спорт и поранешен репрезентативец на ракометната репрезентација на Македонија, Наумче Мојсоски, е позитивен на ковид 19.
,,Драги пријатели,
Поради контактите кои ги имав изминатиот период поврзани со моите работни обврски, одлучив да се тестирам и добив позитивен тест на Ковид – 19. Во моментов немам симптоми, се чувствувам добро и ги следам препораките на мојот доктор. Чувајте се и почитувајте ги мерките.
Пред нас се денови кои досега сме ги празнувале со пријателите, поширокото семејство, надвор од дома. Мојот апел до вас пријатели е да направите се` да го заштитите вашето здравје и здравјето на вашите најблиски. Да празнуваме одговорно!“-напиша Мојсоски на својот профил на Facebook.

Мојсовски до неодамна  беше претседател на РК Струга, а беше член и на Управниот Одбор на Ракометната федерација.

Но поради новата позиција во Агенцијата за млади и спорт, мораше да ги напушти другите две функции во Струга и РФМ.

Strugaonline

Facebook Коментари