Денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со умерена облачност, студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Во североисточните делови ќе има услови за слаби врнежи од снег. Утринските температури се движеа во интервал од -11 до -6, а максималните дневни ќе се движат во интервал од -2 до 3 степени. Утре ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со услови за магла по одделни котлини. Утринските температури ќе се движат во интервал од -14 до -5 степени, а максималните дневни од -2 до 7 степени.
Извор: УХМР
Strugaonline
Facebook Коментари