Василичарски карневал во Подгорци 2019

- Локални
1573

Освен во Вевчани, изминативе празнични денови по повод „Василица“ Карневал се одржа и во село Подгорци.

На 13-ти јануари, првиот ден од празнувањето, во вечерните часови најмладите деца го најавија карневалот со посета на секое домаќинство, децата маскирани со песна го посетија секое семејство во Подгорци, поканувајќи ги домаќините да земат учество на карневалот.

Традицијата на карневалски активности во Подгорци е позната. На 14 јануари во раните утрински часови,кога маскираните подгоречки – василичари,предводени од зетот и невестата, тргнуваат од црквата Свети Никола ,оваа година (Игор Мариноски невеста и Марјан Гојани зет) се упатуваат на селската главна чешма Клајнец за да се наполни вода за здравје,а потоа секоја домаќинка носи Василичарка и ги става на чешмата,полни вода од селската чешма која претходно е осветенса за домаќинките да месат Кашаник со паричка.Потоа следува дефилето кое  започнува од најдолната куќа на селото,одејќи од маало до маало и од куќа до куќа,честитајќи ја Новата година,со бакнување на рака на домаќинот од страна на невестата,а пак домаќинот ја дарува невестата и зетот со пари,а сите други василичари и присутни гости кои ја следат поворката ги почестува со топла ракија и мезе.

Се смета дека подгоречките василичари имаат традиција колку што е старо селото.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

Facebook Коментари