Време- Сончево, студено и ветровито

- Македонија
306

Денеска ќе преовладува сончево, студено и ветровито време. Претежно во северните делови ќе има мала до умерена облачност. Вдолж Повардарието ќе дува повремено засилен северен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 5 до 12 степени.

Утре ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 1 до 9 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари