Време- Променливо облачно со врнежи од дожд и снег

- Македонија
432

Денеска ќе преовладува променливо облачно време, во западните делови на планините и на повисоките места со повремен снег, а во пониските од дожд и снег. Во централните и источните делови ќе има сончеви периоди, но кон крајот на денот и во источните делови ќе има повремен снег. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северозападен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 7 до 12 степени.

Утре претпладне променливо облачно со слаб локален снег. Во текот на денот облачноста насекаде ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено во источните делови. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 3 до 10 степени.

Извор: УХМР

 

 

Facebook Коментари