Време-Сончево суво и стабилно за викенд, дожд од вторник

- Македонија
466

Стабилен, сончев и сув викенд – нови врнежи во вторник За време на овој викенд ќе имаме стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност. Минималните температури и понатаму ќе бидат доста ниски и ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 10 степени додека максималните дневни денес ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 а утре од 19 до 25 степени. Под влијание на нов влажен бран и циклонска активност на повеќе места нови врнежи ќе имаме во вторник кога повторно локално ќе бид енестаби на нестабилност. Во Струга и струшко овој викенд ќе имаме стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност. Максималната температура ќе се искачи до околу 19 степени денес додека утре истата ќе биде повисока и ќе се искачи до 22 степени. Услови за нови врнежи од дожд ќе има во вторник. За подетални метео информации посетете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски

Подготви: Славчо Попоски

фото: Strugaonline

Facebook Коментари