Денеска во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне, во западните делови од земјава ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а УВ индексот ќе има вредност 8. Дневните температури ќе се движат во интервал од 26 до 36 степени.
Во наредните денови ќе преовладува слично време како денешното, а температурите ќе бидат во пораст. Позначително заладување, облачност и врнежи од дожд се очекуваат од понеделник.
Извор: УХМР
Facebook Коментари