Време: Студено со врнежи од дожд и снег

- Македонија
1492

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно и студено време со врнежи од дожд, на планините и повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Попладне се очекува врнежите од дожд насекаде да преминат во врнежи од снег и на повеќе места да се формира снежна покривка. Пообилни врнежи особено ќе има во источните и североисточните делови од земјата каде локално можно е да наврнат над 10см снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец што ќе предизвика опаѓање на дневната температура која ќе се движи од 0 до 9 степени. Врнежи од снег се очекуваат и утре со максимални 3 степени.

Извор: УХМР

Strugaonline

 

Facebook Коментари