Висок пораз на Металург во ЛШ на домашен терен

- Спорт
862

Металург не ги оправда очекувањата на своите верни навивачи и доживеа висок пораз на последниот домашен натпревар во Лигата на шампионите.

Нашите ракометари го одиграа својот најлош натпревар во тековната сезона и не беа достоен противник на гостинскиот тим, кој без многу напор дојде до два нови бода со кои ги потврди освоеното второ место во групата “Д“ и пласманот во квалификациите за следната фаза.

Одигрaa навистина лош натпревар во кој несигурноста во одбраната се поврзува со безидејноста во нападот, а сето тоа го надополнија со рекорден број на технички грешки. Згора на се, не реализираа десетина зицери и дури четири седмерци. Со сето тоа на куп, беше невозможно да се избегне висок пораз.

Дека ќе се случи нешто што не беше посакувано, се виде уште во почетната фаза, кога Мотор многу лесно дојде до предност од 4 гола, 1:5. Иако Металург се обиде да се врати во игра, оваа предност се задржа до крајот на првото полувреме.

На почетокот од вториот дел Металург ја згусна одбраната, а конечно дојде и времето на Дарко Арсиќ, кој во низа одбрани неколку удари кон својот гол. Но, поцврстата одбрана пред  голот на Металург  не беше проследена и со подобра игра во нападот.  Ракометарите на Металург  продолжија со лошата реализација и му дадоа време на противникот да се консолидира и да се врати во ритамот од првото полувреме. На крајот, Металург ја загуби  средбата со превисока негатива од осум гола, 22:30.

Извор и фото: rkmetalurg.mk

Strugaonline

.

Facebook Коментари