Денеска ќе преовладува умерено до значително облачно и посвежо, по котлините со појава на магла. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец, поизразен вдолж Повардарието. Во југоисточните делови претпладне ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 9 до 14 степени.
Утре претпладне ќе биде значително облачно, по одделни котлини со услови за појава на магла. Попладне сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 10 до 15 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари