Нормализирање на сообраќајот на делница од патниот правец Кичево – Охрид

- Локални
621

Градежното претпријатие „Илинден“ од Струга известува дека на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан кај местото викано Печуркара, каде што сообраќајот се одвиваше по девијација, ќе биде отстранета, информираат од АМСМ.

Додаваат дека сообраќајот ќе се одвива нормално по коловозната лента.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Facebook Коментари