Денеска на повеќе места ќе има зголемена облачност и ќе дува умерен североисточен ветер, па дневната температура дополнително ќе се намали за 2 до 3 степени. Во крајните јужни делови и утре ќе има услови за краткотраен локален дожд. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 9 до 17 степени.
Утре ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а само во јужните делови претпладне променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 12 до 17 степени.
Извор: УХМР
Strugaonline
Facebook Коментари